Во јули оваа година е исплатена просечна нето-плата по вработен од 21.350 денари, или 347 евра, и таа е повисока за 1,6 отсто во однос на истиот месец лани, објави вчера Државниот завод за статистика. Во овој месец 1,2 отсто од вработените не примиле плата. Зголемени просечни нето-плати се исплатени во секторите: „градежништво“ каде што порастот е за 9,6 отсто, „стручни, научни и технички дејности“ каде што е забележан пораст од 9,5 отсто и во „административните и помошни услужни дејности“ каде што зголемувањето е 6,8 отсто. Статистика пресмета дека просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули годинава изнесувала 31.245 денари.
Во јули оваа година е исплатена просечна нето-плата по вработен од 21.350 денари, или 347 евра, и таа е повисока за 1,6 отсто во однос на истиот месец лани, објави вчера Државниот завод за статистика. Во овој месец 1,2 отсто од вработените не примиле плата.
Зголемени просечни нето-плати се исплатени во секторите: „градежништво“ каде што порастот е за 9,6 отсто, „стручни, научни и технички дејности“ каде што е забележан пораст од 9,5 отсто и во „административните и помошни услужни дејности“ каде што зголемувањето е 6,8 отсто.
Статистика пресмета дека просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули годинава изнесувала 31.245 денари.